Израелските сили со две ракети погодија медицински центар во Газа

од Vladimir Zorba

Продолжуваат судирите во појасот Газа.

Израелските сили со две ракети погодија здравствен центар во Газа, известува нивното Министерство за здравство. Поголема штета е предизвикана на објектот, а засега нема податоци за нови жртви.

Според Анадолија, во израелските напади врз Појасот Газа животот го загубиле 181 лице, од кои 52 деца и 31 жена.

Повеќе од 1.225 лица се повредени.

Претходно, официјалниот претставник на палестинското Министерство за здравство во Газа, Енвер Атаула, објави дека се уништени голем број објекти во нападите извршени од полноќ и дека нема место во мртовечниците во Газа.

Слични содржини