Израелците се излечија од Ковид-19: Ги враќале пациентите од смрт, еве на кој начин успеале!

од Aleksandar Petrovski

Шест пациенти со коронавирус во Израел третирани со матични клетки целосно се опоравиле.

Станува збор за шест пациенти кои биле во критична состојба и имале хронични заболувања. Нивните шанси за преживување биле многу мали, но тие се опоравиле со овој метод на лекување.

Имено, израелската компанија „Плуристем“ спроведе специјални процедури на матични клетки земени од плацентата во три различни здравствени центри и ги инјектира во пациенти со висок ризик. После седум дена лекување, 4 пациенти со респираторни проблеми имале подобрување во однос на периодот пред инфекцијата.

Не само што преживеале сите пациенти, туку и останатите двајца пациенти покажале подобрување во клиничката слика.

Според Министерството за здравство, 96 лица починале од коронавирус во Израел, додека бројот на заразени лица достигна 10.525. Министерството соопшти дека досега во Израел закрепнале 1.258 заразени лица.

Слични содржини