Изрешетаното „Ауди“ оставено на улица сведочи за нападот во Железара (фото)

од Берта Китинска

Албанските медиуми објавуваат фотографии од возилото кое синоќа беше цел на вооружен напад.

Нападот, се случил околу 20 минути по полноќ, на улицата „Ферид Бајрам“ во скопска Железара.

-Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека И.А.(29) и С.Р.(35), двајцата од Скопје, биле повредени од огнено оружје и било оштетено патничко возило „Ауди“, сопственост на Е.С.(33) од Скопје.

Повредените биле пренесени во болницата „Систина“ за укажување медицинска помош.

Слични содржини