Изучување на МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК во светот: Бројот на лекторати е многу намален, ги има помалку отколку во СФРЈ

од Mimi Spasovska

Институциите не може да се усогласат околу надлежностите околу лекторатите во странство, а во меѓувреме, бројот на лекторати е многу намален и македонскиот јазик две децениии не се изучува во Италија, Германија и други земји во Европа. Македонските професори во странство живеат со скромните плати од УКИМ од околу четристотини евра месечно и со дополнителни примања кои им ги дава земајата домаќин на лекторите, а чии износи се различни од универзитет до универзитет.

За прашањето за изучувањето на македонскиот јазик во странство за условите и за тоа колку лекторати се згаснати во последните две децении,  „Локално“ разговараше со професорот Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик, кој укажува на фактот дека лекторатите ги има многу помалку отколку во времето на СФРЈ. Затоа тој апелира дека треба да се преземе се што е можно на државно ниво за да запре тој процес и да се потикне спротивното, а тоа основање на нови македонски лекторати во светот.

Људмил Спасов

Људмил Спасов

„Во Европа сега има некаде од шест до седум лекторати, Македонскиот јазик се изучува во Франација, а во Унгарија имаме повремено лекторат, има лекоторат во Турција, а од регионот има во Хрватаска, имаме лекторат во Словенија каде наставата ја води Словенка која специјализирала во земајва, имаме во Чешка каде предаваат Чеси и има во Поласка. Но многу е важно да се каже дека немаме ниеден свој лекторат во западна Европа, немаме во Германија немаме во Италија, а порано имавме. До 1986 година во тогашна Југославија имало околу 25 лекторати низ светот со тоа што во Европа имало некаде околу 18, а сега има од 6 до 8 зависно, зашто некои Универзитети сами распишуваат конкурси за македонски јазик и организираат наства по нивна желба, како во Кина и САД“, вели професорот Спасов.

Во јавноста со години се поствува прашањето за македонските лектори во странство и во стручната јавност се размислува дека можеби повторно треба да се актулезираат иницијативи за промени во решенијата со кои ќе се овозможи поголема грижа за катедрите во странство

Потребни се законски измени и повеќе пари за лекторатите 

Директорката на Институтот за македонски јазик Професор д-р Елена Јованова – Грујовска за Локално објаснува  дека има повеќе  причини кои влијаеле врз затворање на лекторатите но апелира дека е  потребно да се издвојата и многу поголеми финасиски средства.

Елена Јованова – Грујовска

Елена Јованова – Грујовска

„Тоа е процес којшто траел децении, тоа постепено затворање на лекторатите и секако била многу поголема бројката…  се разговараше на Советот на македонски јазик дека во СФРЈ имало многу повеќе лекторати отколку што ги има сега. Но,ако нам ни требаа три децении да дојдеме до оваа состојба, ќе ни треба најмалку една децении за да излеземе од оваа состојба. Со оглед на тоа што се затвораа лекторати поради немање доволно кадар, поради немање средства, поради згаснати договори можеби со некои универзитети, има различни ситуации“, вели професорката Јованова Грујовска.

Таа  констатира дека работата на македонските лектори во странство  треба  да се уреди со ново законско решение.

„Ни треба законско решение, со законското решение да се знае дека еден лектор во странство ќе прима плата просечна којашто одговара да речеме на некој дипломатски службеник во странство, зашто ја претставува државата во странство, зашто сегашните примања кои ги примаат се многу ниски кои ги одобрува државата и што ги дава потоа УКИМ, се исклучително мали, и ако нема поддршка од поширокото семејство некој лектор тој не може да отиде во странство и да биде лектор. Затоа е потребно да се направат законски измени и со тие законски измени платата на лекторот да биде утврдена на едно пристојно нормално ниво и да се знае дека тој лектор ја претставува државата и дека за тоа ќе биде награден од државата со соодветна плата во соодветна пртив вредност“, вели директорката на Институтот за македонски јазик.

Со досегашното решение  лекторатите ги финансира УКИМ,  со  средствата кои ги добива од Министерството за Финансии и Министерството за образование.

„Претходно за тоа се грижеше една комисија во ранаг на дел од министерство за културни врски со странство кое беше во рамки на министерството за надворешни работи и имавме околу 25 лекторати низ светот претходно, тоа беше некаде до 1986 година, и потоа во рамките на рационализацијата на тогашна СФРЈ Југославија се префрлија надлжностите врз  Семинарот за македонски јазик и литература и култура и тука се пренесоа сретствата“,вели професорот Спасов.

Професорот Спасовов вели дека Совет за македоски јазик, кое е советодавно владино тело, имало предлог за поинакво решение со кое Владата директно ќе  ги  преземе лекторатите, но тоа не било прифатено.

„Ние се обидовме преку Советот да издејствуваме нов закон за употреба на македонскиот јазик и таму да ги ставиме лекторатите и тоа да го ставиме на државно ниво така како што е во Словенија, Хрватска па и во Србија, значи државата да се погрижи за пласирање на својот јазик во странство. Но наидовме на отпори токму од УКИМ кај што е Семинарот,мислам дека се работеше за недоразбирање или несфаќање на работата, зашто не може сам еден универзитет да го работи тоа, тоа е сложено прашање што влегува во рамките на надворешните работи на една држава“, истакнува професорот.

Прашањето на лекторaтите , според Спасов треба дa се реши на државно ниво, оценувајки дека на тој начин може да се гарантира успехот „зашто се работи за нешто што е поврзано со надворешните работи“.

„Тоа не е само  прашање на  дипломатија туку и на пласман на сопствената македонска култура Мора да се реше за да биде успешно“, вели Спасов.

Останува да се надеваме дека иницијативите што доаѓаат во последно време ќе претставуваат нова светлина во  напорите за зачувувањето и обновувањето и на други  леторатите како важен дел од македонската култура кои го помагаат ширењето на македонскиот јазик во светот.

„На добар пат сме да се отвори настава на македонски јазик на Унуверзитетот во Корча. Во Албанија. Тоа е важно зашто  таму има поголема македонска заедница, и второ во Албанија со која имаме различни култрни економски и други однсои многу е потробно да имаме македонски јазик, зашто навлегуваат Бугарите таму со своја пропаганда и отвораат изучување на бугарскиот јазик даваат стипендии“, вели професорот Спасов за „Локално“.

М.С.М.

Слични содржини