Извадила срце од жирафа и позирала со него: Оваа жена брзо стана најомразената во светот (ФОТО)

од Nikola Popovski

Жена ловец од Јужна Африка, Мерелиз ван дер Мерв (32), го шокираше целиот свет кога објави фотографија на која се гледа дека убила жирафа и ѝ го извадила срцето.

Додека се „фалеше“ на Фејсбук, нејзиниот сопруг потрошил 2.000 долари на таа авантура, со цел Мерелиз да се забавува, а срцето на жирафата го нарекла „совршен подарок за Денот на вљубените“.

„Дали некогаш сте се запрашале колку е големо срцето на жирафата? Јас сум неверојатно среќна за мојот подарок за Денот на вљубените“, напишала таа на Фејсбук, додавајќи дека ќе ја користи кожата на животното како килим.

Како што се очекуваше, не само што била нападната од корисниците на социјалните мрежи кои го осудиле ова однесување, туку била мета и на активисти и здруженија за заштита на животни.

Во своја одбрана, Мерелиз рече дека убиството на 17-годишно животно всушност помага да се заштитат загрозените видови. Освен тоа, таа рекла дека убиства како ова му помагаат на туризмот?!

„Њујорк пост“ наведува дека ван дер Мерв досега убила околу 500 животни, вклучувајќи лавови, леопарди и слонови.

„Го чекав ова со години. Ја сакам таа кожа и фактот дека ова животно е симбол на Африка. Мојот прекрасен сопруг Герхард знаеше дека тоа е мојот сон. Бев како мало дете две недели, ги одбројував деновите“, изјавила таа.

„Ако ловот е забранет, животните се безвредни и ќе исчезнат. Ловот им помогна на многу видови да се вратат од работ на истребување. Единствените луѓе што ги штитат овие животни се ловците на трофеи“, рекла таа во лудата изјава.

Сепак, Марк Џонс од фондацијата „Борн Фри“ вели дека е погрешно тврдењето дека ловџиите на трофеи се грижат за животните.

„Тие не се за зачувување ниту придонесуваат за локалните заедници на кој било начин“, рече тој.

„Еден ден, ловот на животни само поради трофејот ќе се карактеризира како психолошко нарушување, што би требало да биде случај и денес“, рече активистката Елиса Ален.

Слични содржини