Извештаи за сексуална злоупотреба: Повеќе постари мажи заминале со малолетни невести од Кабул!

од Vladimir Zorba

Американските власти велат дека ги проучуваат извештаите од хаотичната евакуација на очајните Авганистанци од Кабул, во кои постари мажи беа примени заедно со младите девојки за кои тие тврделе дека се нивни „невести“ и предупредија за разни форми на сексуална злоупотреба.

Прифатните центри во Обединетите Арапски Емирати и Висконсин идентификуваа бројни инциденти во кои авганистански девојки им беа претставени на властите како „сопруги“ на многу постари мажи, пренесува АП.

Иако браковите со деца не се невообичаени во Авганистан, САД имаат строга политика против трговијата со луѓе која вклучува гонење криминалци и санкции за земјите кои не го сузбиваат.

Во внатрешниот документ, прегледан од АП, се наведува дека Стејт департментот побарал „итни упатства“ од други институции откако наводно невестите биле донесени во базата Форт Мекој во Висконсин.

Друг документ, опишан за „АП“ од официјални лица запознаени со него, вели дека авганистанските девојки на транзитна точка во Абу Даби тврделе дека биле силувани од постари мажи кои биле принудени да се венчаат за да избегаат од Авганистан.

„Приемниот персонал во базата Форт Мекој пријави неколку случаи на малолетни девојчиња кои се претставиле како „мажени“ со возрасни авганистански мажи, како и полигамни семејства“, се вели во документот.

Во исто време, американски официјални претставници во Обединетите Арапски Емирати изразија слична загриженост, испраќајќи дипломатски депеш до Вашингтон со предупредување дека некои млади девојки од Авганистан биле принудени да се венчаат за да избегаат од Авганистан, откако Талибанците ја презеле земјата.

Службеници запознаени со темата, без да ги откријат нивните имиња, велат дека во него се опишани наводите на неколку девојки од Хуманитарниот град во Абу Даби дека нивните „сопрузи“ сексуално ги злоупотребувале и бараа насоки како да постапат во вакви случаи.

Слични содржини