Извештај: Речиси 70 отсто од животинските видови исчезнале за половина век

од Stefanija Kuzmanovska

Популацијата на диви животински видови – цицачи, водоземци, влекачи и риби – е намалена во просек за 69 отсто од 1970 година, бидејќи луѓето продолжуваат да ги уништуваат шумите и да ја загадуваат планетата, се вели во најновиот извештај на Светскиот фонд за диви видови (WWF).

Се нагласува дека состојбата на природата е сериозно нарушена и дека е потребно итно зачувување на биолошката разновидност.

Во однос на наодите од Извештајот за состојбата на планетата, генералниот директор на WWF International, Марко Ламбертини, рече дека се соочуваме со две кризни ситуации предизвикани од човековото дејствување: климатските промени и губењето на биолошката разновидност, што ја загрозува благосостојбата на сегашните и идните генерации.

– Овој извештај прикажува шокантни бројки. Ако сакаме да го запреме и да го вратиме губењето на природата, да обезбедиме здрава иднина за луѓето и природата, одговорот мора да биде промена на системот – изјави тој.

Најголемата база на податоци досега, која опфаќа речиси 32.000 популации од 5.230 видови, Индексот на животот на планетата, кој е создаден како дел од извештајот на Зоолошкото друштво од Лондон, покажува дека особено остар пад е забележан кај популациите на набљудуваните ‘рбетници во тропските предели.

Извештајот покажува како деградацијата и загубата на живеалиштата, експлоатацијата, воведувањето на инвазивни видови, загадувањето, климатските промени и болестите се главните причини за намалувањето на популацијата на дивиот свет ширум светот, пренесува „Индекс“.

Некои од овие причини придонесоа за 66 отсто загуба на африканскиот див свет за време на периодот на монсуните, како и за севкупниот пад од 55 отсто во Азија и Пацификот. WWF е исклучително загрижен за овој тренд, бидејќи тоа се области со најголем биодиверзитет во светот.

Податоците од Индексот конкретно покажуваат дека помеѓу 1970 и 2018 година, популацијата на дивиот свет во Латинска Америка и делови од Карибите се намалила во просек за 94 отсто.

Популацијата на слатководни животни се намалила во просек за 83 отсто, поради што оваа група на видови е пред сите други. Загубата на живеалиштата и пречките на миграциските патишта претставуваат околу половина од сите закани за миграторните риби.

Слични содржини