Извештајот на ЕК: Лекарите специјалисти масовно заминуваат од Македонија

од Берта Китинска

Според извештајот на Европската комисија во земјава здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено на специјалисти кои одат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство.

Во Извештајот се оценува дека пристапот до лекари специјалисти во јавното здравство останува проблематичен.

– И покрај обезбедувањето на зголемени плати со цел да се задржат работниците, здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено специјалисти кои се селат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство. Персоналот продолжува со потребата од специјализирана обука за користење напредна здравствена опрема, наведува ЕК.

Слични содржини