Во Собранието денеска започнува разгледувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија. 

Седница на која ќе се разгледува Извштајот денеска во Собрнаието ќе одржат Комисијата за европски прашања и Мешовитиот парламентарен Комитет РМ-ЕУ.

Извештајот на ЕК пред пратениците ќе го презентира евроамбасадорот Семуел Жбогар. На седницата обраќање ќе има премиерот Зоран Заев, а заклучни согледувања ќе изнесе Даниел Сервер од Универзитетот „Џон Хопкинс” во Вашингтон.

Македонија доби позитивна и безусловна препорака во Извештајот за напредокот, но конечната одлука за датум за преговори треба да ја донесе Европскиот совет во јуни.

Слични содржини