„Извинете што пречиме, но се обидуваме да го смениме овој свет“: Протести во Австралија против расизмот

од Берта Китинска

Илјадници луѓе ширум Австралија протестираат против расната дискриминација и расно мотивираната полициска бруталност.

Протестите се одржуваат и покрај апелите на властите тие да бидат откажани поради стравувањето од појава на втор бран на епидемија со новиот коронавирус. Демонстрантите носат маски и ја почитуваат мерката за физичка дистанца.

Демонстрантите носea транспаренти на кои пишува „Нема правда, нема мир“ и „Извинете што пречиме, но се обидуваме да го смениме овој свет“.

Во Мелбуирн и во Сиднеј демонстрантите побараа ослободување на бегалците, кои се во долготраен, неоснован притвор.

Слични содржини