Извлечена „седумка“ на лото во Србија: 2,9 милиони евра за добитникот

од Nikola Popovski

Во 32-то коло од играта на среќа Лото, бил извлечен добитник од 2,9 милиони евра, колку што вредела првата „седумка“ во оваа година, објави Државната лотарија на Србија во петокот вечерта.

Добитниот тикет е уплатен во Суботица, а победникот уплатил две комбинации, што значи дека потрошил вкупно 160 динари, се наведува.

Победничката комбинација на броеви е 3, 7, 12, 25, 33, 34 и 38.

Како што беше соопштено за време на телевизиското извлекување, „седумка“ последен пат била извлечена пред точно шест месеци, на 23 октомври 2020 година.

Слични содржини