Извор од Ватикан: Соработници на папата ПОЗИТИВНИ НА КОРОНА

од Stefanija Kuzmanovska

Два кардинали во Ватикан, вклучително и оној кој поголемиот дел од своето време го поминува помагајќи на бездомници во Рим, добија позитивен тест на коронавирус, изјави денеска извор од Католичката црква.

Кардиналот Конрад Крајевски (57), Полјак кој ги предводи хуманитарните акции на папата Франциско, беше хоспитализиран поради пневмонија.

Кардиналот Џузепе Бертело (78), гувернер на Ватикан, е во самоизолација во неговиот дом во Ватикан по позитивниот тест, изјави изворот.

Засега не е познато дали тие двајца присуствувале на настанот вчера со членови на централната администрација на Ватикан, каде размениле божиќни честитки со папата.

Засега нема официјална потврда за позитивните тестови на кардиналите.

Слични содржини