Извозот со пад од 24 проценти во првата половина од годинава

од Aleksandar Petrovski

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во перидот јануари ‒ јуни годинава бележи пад од 24 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на увезената стока, во истиот период пак е за 20 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија.

Во увозот, пак, се најмногу застапени платината и легурите на платина. Во првите шест месеци од годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Слични содржини