Извршниот одбор на СДСМ вечерва ќе утврди дваесетина кандидати за градоначалници

од Берта Китинска

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев денеска изјави дека Извршниот одбор на партијата на ниво на држава, носи одлуки и им препорачува на општинските организации за кој кандидат да се изјаснат при донесувањето на нивните одлуки за локалните избори, а конечни се одлуките на општинските конференции на локално ниво коишто ги сочинуваат делегатите и се највисок орган на општинските организации на СДСМ на локално ниво.

– Но, ние нашиот став вечерва ќе го изградиме за дваесетина градоначалници. Точно заради тоа што тука некаде се и поминати постапките. Не можам однапред да кажам иако неколку имиња веќе и се знаат заради тоа што се недвојбени, се апсолутно фаворити, победници, околу нив е изградено единство не само на социјалдемократите, не само на коалиционите партнери, туку и на граѓаните и верувам дека ја заслужиле честа да добијат уште еден мандат за градоначалник на своите општини, но одлуките штом ќе бидат донесени ќе ги соопштиме јавно, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини