Ја чувствуваме твојата болка Инсиње: Капитенот на Наполи повторно со највисоката маскота (фото)

од Nikola Popovski

Благословен со темпо, вештина и око за гол, Италијанецот е кошмар за противничките играчи.

Сепак, едно нешто што не го поседува напаѓачот на Наполи е висина. Тој е висок само 163 цм.

Сигурно е дека нема да постигне многу голови со глава во кариерата.

Поради неговиот мал раст, на Инсиње често му се додава највисокото момче за маскота пред почетоците на натпреварите, така што не беше ништо поразлично и вечерва против Барселона.

Сликите на Инсиње како стои до дете повисоко од него, ги преплавија социјалните медиуми и вечерва.

Ја чувствуваме твојата болка, Лоренцо.

Слични содржини