ЈА ПРИКАЖАЛЕ МЕКА СО ЛГБТ знамиња: Двајца студенти уапсени во Турција за навреда на муслиманите

од Nikola Popovski

Во Турција, двајца студенти биле уапсени под обвинение за поттикнување омраза и навреда на верските чувства на муслиманите, покажувајќи постер на кој се вееле ЛГБТ-знамиња над најголемото исламско светилиште во Мека.

Двајца студенти се уапсени откако прикажале контроверзен постер на изложба на најпрестижниот универзитет во Турција, Богазици, објави АП.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу објави коментар на својот профил на Твитер кој гласел „ЛГБТ перверзии“, а претставници на турската влада од конзервативната Партија на правдата и развојот го осудиле објавениот материјал.

Кабинетот на гувернерот на Истанбул објави дека пет лица се уапсени, но дека тројца подоцна се ослободени, додека две се задржани во притвор и чекаат обвинение.

Полицијата изврши претрес на универзитетскиот уметнички клуб и ЛГБТ-клубот, каде наводно пронашла книги на курдска група која е забранета во Турција и знамиња на ЛГБТ заедницата.

„Секое уметничко дело е предмет на критика. Сепак, судењето на уметничко дело е едноставно негирање на слободата на изразување“, стои во соопштението издадено од студентската организација на Универзитетот Богазици по овој повод.

Слични содржини