Ја примил вакцината меѓу првите па заболел од корона додека ја чекал втората доза

од Stefanija Kuzmanovska

Британско медицинско лице се зарази со коронавирус еден месец откако ја прими првата доза на вакцината – само неколку дена откако му беше откажана втората доза.

Дејвид Лонџд (43) беше еден од првите луѓе во светот што ја прими вакцината на „Фајзер“ на 8 декември, ден по почетокот на вакцинацијата во Велика Британија.

Втората доза од вакцината „Фејзер“ требаше да ја прими на 5 јануари, но тоа беше откажано поради промена на планот на британската влада, која сака што повеќе жители да добијат барем една доза.

Водечките здравствени работници во Велика Британија советуваат да се даваат две дози од вакцините на „Фајзер“ и „АстраЗенека“ во интервали од 12 недели, иако првично беше речено дека интервалот треба да биде 21 ден.

Лонџд дознал дека бил позитивен на ковид 19 во петокот, на 8 јануари, и сега е во самоизолација во неговиот дом во Понтиприд.

Тој иатакна дека владата мора да ги заштити работниците кои се на првата линија на фронтот во борбата против корона.

Слични содржини