Ја промени бојата на косата, снима нов филм: Лејди Гага пристигна во Рим (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Мегапопуларната пејачка и актерка Лејди Гага деновиве беше фотографирана на улиците во Рим во непрепознатливо издание. Покрај тоа што ја смени бојата на косата, а сега е бринета, Лејди Гага шеташе по улиците на италијанската престолнина во леопард фустан и високи потпетици.

Во последното јавно појавување на инаугурацијата на Џо Бајден, таа беше платинеста русокоса, а сега Лејди Гага со темно кафеава коса потсетува на Али, главната хероина на филмот „Sвездата е родена“, во кој покажа исклучителен актерски талент . Пред само неколку месеци, таа имаше розова боја на коса.

Инаку позната по своите екстравагантни модни комбинации, Гага носеше елегантен широк фустан со леопард принт и очила за сонце во Рим, а само неколкумина можеа да ја препознаат.

Таа е во Рим поради снимањето на филмот „Гучи“. Ќе ја игра Патриша Реагани, поранешната сопруга на Маурицио Гучи, италијанскиот моден магнат, првиот човек на брендот „Гучи“. Таа помина 18 години во затвор затоа што ангажирала платен убиец за да го убие нејзиниот поранешен сопруг во 1995 година.

Режисер на филмот е Ридли Скот, а во него ќе играат и Роберт Дениро, Џаред Лето, Ал Пачино и Адам Драјвер.

Слични содржини