„Ѝ ја разубави годината“: Кијано Ривс со неверојатен гест изненадил постара госпоѓа

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудскиот актер Кијано Ривс одлучил да израдува една постара госпоѓа, а неговиот гест стана тема на социјалните мрежи.

Младиот човек на социјалната мрежа објаснил дека неговата баба на 70-годишна возраст имала мозочен удар, по што поминала цела деценија дома. Таа се „вљубила“ во Кијано Ривс откако го гледала во многу филмови, особено затоа што тој ја потсетува на нејзиниот покоен сопруг.

Корисникот на Редит потоа објасни дека неговиот вујко го сретнал Ривс во ресторан во Лос Анџелес.

„Не долго откако излезе Матрикс, вујко ми беше во Лос Анџелес на работа и бил во навистина луксузен ресторан кога во истиот ресторан се појавил и Кијано. Откако завршил со оброкот, вујко ми отишол до нивната маса и рекол: Обично не го правам ова, но само сакав да знаеш дека мојата 80-годишна мајка многу те сака и ги гледала сите твои филмови. Ти ја потсетуваш на мојот татко“, напишал младиот човек додавајќи:

„Ми кажа дека Кијано го прашал дали има мобилен телефон со него, а кога потврдил дека има, тој рекол: Јави ѝ се, сакам да разговарам со неа. Разговараше со баба ми неколку минути и таа апсолутно ѝ ја разубави годината. Беше толку осамена дома и неговата љубезност кон неа и интересот за неа покажаа каков неверојатен човек е тој навистина“, напиша тој.

Слични содржини