Ја скинале пломбата и продолжиле со градење на диво

од Nikola Popovski

Поднесена е кривична пријава против две лица од охридско, на кои инспекторите им забраниле да градат на диво, а тие ја отстраниле лентата и продолжиле со работа.

Поднесена е кривична пријава против Г.Б.(57) и В.Б.(58), двајцата од охридското село Велестово, поради сомнение за сторени кривични дела бесправно градење и симнување или оштетување на службен печат или знак.

„Пријавените, во текот на годинава на катарстарска парцела во селото, без дозвола и одобрение од надлежен орган, започнале градба на станбен објект. По извршениот инспекциски надзор, овластен градежен инспектор донел решение за отстранување на градбата, а на градилиштето поставил службена лента за негово затворање. Пријавените неовластено и незаконски ја отстраниле лентата, по што продолжиле со градежните активности“, велат од полицијата.

Слични содржини