Ја создаде вакцината Фајзер, а сега го предвидува крајот на пандемијата: Еве кога ќе заврши корона-кризата!

од Nikola Popovski

Наглиот пораст на бројот на заразени во земјите во развој, како што е Индија, поради релативен недостиг на вакцини, значи дека пандемијата на коронавирусот ќе се шири до средината на 2022 година, смета Угур Шахин, еден од пронаоѓачите на вакцината од Фајзер/Бионтек, а пренесува „Волстрит журнал“.

Поради итноста на ситуацијата, властите треба да размислат за мерки како мешање на вакцини од различни производители, изјавил основачот на компанијата БиоНТек на самитот организиран од „Волстрит журнал“. Да потсетиме, оваа германска компанија се здружи со Фајзер за да ги тестираат, произведе и дистрибуира своите вакцини.

„Мора да обезбедиме навистина висока стапка на вакцинација низ целиот свет. Во спротивно, никој нема да биде сигурен“, рекол Шахин, додавајќи дека пандемијата ќе заврши само кога целиот свет ќе добие колективен имунитет.

„До средината на 2022 година, дури и региони со голема густина на население, како што е Индија, би можеле да достигнат високо ниво на вакцинација и колективен имунитет. Ќе видиме во следните 12 месеци дека зголемениот број на индустриски развиени и земји со ниски примања постигнуваат колективен имунитет само со зголемување на капацитет за производство “, рече Шахин, кој исто така најави сојуз со повеќе од 30 компании за да може да се произведуваат повеќе вакцини.

Неговата сопруга и коосновач на компанијата, Озлем Туречи, посочува дека не ја исклучуваат можноста за комбинирање на вакцини, како што е едната доза на Фајзер и другата на Астра Зенека, доколку е потребно за да се стави крај на пандемијата.

„Колку повеќе вакцини имаме, толку подобро … Теоретски, можеме да ги мешаме, бидејќи на крајот нашата цел е да постигнеме колективен имунитет. Ние сакаме да имаме што повеќе вакцинирани лица“, вели Туречи.

Слични содржини