Почетна / Слајдер / Ја удрил со запрежна кола и побегнал – повредена жена во Скопје

Ја удрил со запрежна кола и побегнал – повредена жена во Скопје

Вчера во 11,15 часот било пријавено дека во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода била донесена А.Ц.(80) од Скопје.

Имено, истиот ден околу 10,45 часот на крстосницата од ул.„Кемал Сејфула“, ул.„Вуковарска“ и ул.„Емин Дураку“, жената била удрена од запрежна кола, управувана од засега непознато лице кое по незгодата го напуштило местото на настанот.

На повредената и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

loading...