Јадете праски за темен тен

од desk2

 

Ако сакате да добиете убав темен тен, не е доволно само да се изложите на сонце и да мачкате лосиони за побрзо потемнување. Многу важно е и што внесувате во организмот, затоа што кога е нахранет внатрешно, блеска надвор.

Стручњаците препорачуваат во текот на летото, а особено кога се сончате, да јадите што повеќе овошје и зеленчук. Морковот и доматот се на врвот на посакувани намирници, но исто така и праската.

Ова овошје е рудник на бета-каротен, односно провитамин А, кој со само еден плод го содржи околу 0,5 милиграми. А, тој го подобрува здравото потемнување и помага поубаво да поцрните.

Праската е богата и со витамини од групата Бе – фолацин и нијацин, витамини Це и Е, како и со биотин. Сите овие се фактори кои се препоралуваат како незаобиколиви на море, базен, река или ееро.

Плодот на праската содржи и овошни киселини, белковини, скроб, минерални состојки, а покрај тоа е многу сочен и вкусен.

Слични содржини