Јагланд: Одлуката е важен придонес за стабилноста во регионот

од desk4

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торборн Јагланд ја поздрави одлуката на Парламентот на Република Македонија за уставните измени за Договорот од Преспа, јавува дописникот на МИА.

„Генералниот секретар Јагланд ја поздравува одлуката на Парламентот на #Скопје за името на земјата како важен придонес кон стабилноста во регионот,   стои во објавата на твитер профилот на портпаролот на Јагланд, Даниел Хотген.

Советот на Европа е организација во која Република Македонија година e членка од 1995 под привременото име „поранешна југословенска Република Македонија“.

Слични содржини