Јакимовски ќе „трча“ за градоначалничката функција во Карпош

од Nikola Popovski

Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски попладнево објави дека ќе се кандидира за градоначалник во општина Карпош.

-Почитувани пријатели, сакам да ве известам дека одлучив да се кандирам за следен градоначалник на Општина Карпош на престојните локални избори, напиша Јакимовски на Фејсбук.

Јакимовски беше градоначалник на Карпош во периодот 2000-2003 година, кога, како кадар на ЛДП, ја напушти функцијата во општината, за да стане министер во тогашната влада на СДСМ. На локалните избори во 2009 година беше кандидат на ЛДП, поддржан и од СДСМ, кога и се врати на градоначалничкото место во Карпош. Во меѓувреме, премина во СДСМ, но пред локалните избори во 2013 година влезе во судир со тогашното партиско раководство, кога сам се кандидираше за градоначалник, наспроти првичните најави од неговата тогашна партија за бојкот на изборите.

На изборите во 2013 година Јакимовски ја обезбеди кандидатурата со печат од партијата на Србите на Драгиша Милетиќ, по што го победи тогашниот кандидат на СДСМ, Андреј Петров, а подоцна ја формираше ГРОМ, која сега има еден пратеник во Собранието.

Слични содржини