Јакимовски: Не ја разбирам паниката на ВМРО-ДПМНЕ за укинување маркица

од Nikola Popovski

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски не ја разбира вознемиреноста на советничката група на ВМРО ДПМНЕ која денеска преку прес-конференција побара укинување на маркица за градење на 28-катница.

-Имено, јас уште синоќа јавно кажав дека таква висококатница нема да се гради и дека никогаш нема да ставам потпис на таков објект. Се прашувам на што се должи паниката кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ да ми се обраќаат преку медиуми, а не директно како и до сега? Дали го препознаа нивниот лидер во мојата изјава, или станува збор за некои други причини во кои има скриени бизнис интереси? За да ги смирам советниците, но и јавноста, уште еднаш јавно сакам да потврдамдека на посочената локација нема да се гради таков објект во таков габарит и тоа е мој став кој немам намера да го менувам, стои во соопштението од Јакимовски.

Роберт Вељановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на општина Карпош, денеска кажа дека побарале бришење на маркици за изградба на висококатница.

– Доколку, почитуваниот градоначалник не предложи таква точка на Дневен ред, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на Седницата на 8 јуни, на Советот на општина Карпош ќе му предложи точка на Дневен ред со која привремено ќе бараме суспензија на предметниот ДУП, со што и формално-правно ќе постигнеме забрана за издавање на градежна дозволи за објектот за колективно домување (висококатница). За оваа иницијатива, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бара поддршка и од останатите советнички групи во Советот на општина Карпош, додаде Вељановски.

Слични содржини