Јакимовски: СЈО дели селективна правда

од Vladimir Zorba

136808

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Стевчо Јакимовски, денеска оцени дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) дели селективна правда и праша како се бара притвор за градоначалникот на Битола Владимир Талевски, а не се бара притвор за градоначалникот на Струмица Зоран Заев и дали е споредливо нивното политичко влијание.

Според Јакимовски, заканите од мито, корупција и криминал не доаѓаат од Талевски, туку од Заев. – Еве го двојниот аршин во функционирањето на правниот поредок во Република Македонија. На еден начин функционира Државното јавно обвинителство, на поинаков – СЈО. Државното јавно обвинителство, за докажано кривично дело не апси, а СЈО за недокажано кривично дело бара притвор? Ќе ни одговори ли некој од правните душегрижници, колку пати во 365 дена Зоран Заев може да го повтори делото и да бара поткуп, рече Јакимовски.

Целиот текст можете да прочитате тука

Слични содржини