Јакимовски во станица по заканите кон Јордановска и Коровешовска

од Vladimir Zorba

Емил Јакимовски дава исказ во скопска полициска станица по заканите и навредите кои ги упати преку социјалните мрежи кон двете новинарки Мери Јордановска и Искра Коровешовска.

Се работи на целосно расчистување на случајот, потврдија од МВР за Локално.

Од Централниот регистар вчера соопштија дека Јакимовски е избркан од работа поради злоупотреба на боледување и нарушување на угледот на институцијата.

Слични содржини