Јанакиески доби условна казна, а Груевски е осуден на казна затвор од 1 година и шест месеци за „Насилство во Центар“

од Берта Китинска

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески доби условна казна, затвор  за случајот „Насилство во Центар“.

Додека пак поранешниот премиер кој е во бегство Никола Груевски,  доби казна затвор од една година и шест месеци.

По речиси четири години, судскиот процес за случајот „Насилство во Центар“ денес добие разрешница, судијата Душан Јосифов  ја соопшти пресудата.

Овој случај беше отворен за насилството што се случуваше на протестите на 7 и 10 јуни 2013 година пред просториите на Општина Центар.

Слични содржини