Јанакиески не мисли да бега чека доказ од СЈО

од desk2

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска во алекација рече дека нема намера да бега, а дека чека Специјалното јавно обвинителство да ги изнесе доказите против него, бидејќи го сомничи во случајот „Титаник“.


„Чекам час поскоро да почне судската постапка за да ја докажам својата невиност. Ве потсетувам дека за време на предистражната постапка, на 13 февруари 2016 година, беа предложени истите мерки за мене и судот ги одби. Оттогаш до денес сум истиот и не сум го сменил своето однесување. СЈО нека даде доказ дека јас сум ја опструирал постапката. Не сум влијаел на сведоци и немам намера да го сторам тоа. Ветувам дека ќе се јавувам во судот редовно и ќе ја докажам својата невисност“, рече Миле Јанакиески на јавната седница пред Кривичниот совет на апелациските судии.

Поранешниот министер за транспорт додаде дека тој и неговата одбрана уште на 19 јануари 2016 година побарале достава на списите од предметот, а СЈО им ги предало дури во мај. Јанакиески појасни дека се работи за 27.000 страници доказен материјал во кој требало да се изврши увид за многу кратко време што не било возможно. Обвинетиот посочи дека записникот што се појавил во јавноста од овој предмет не го креирал тој и нема никаква врска со излегување на записникот во медиумите.

Според неговата одбрана тој се јавувал уредно на сите покани на судот, семеен човек, татко на три деца, веќе не обавува државна функција, неговите патувања се сведени на семејни патувања и нема опасност дека ќе побегне.

Одбраната на Јанакиески од СЈО побара околности кои укажуваат на опасност од бегство, а од апелациските судии побара да им ја уважи жалбата.

СЈО остана на барањето на Јанакиески да му се изрече мерка притвор со образложение дека обвинетиот може да побегне и да влијае врз сведоците.

Миле Јанакиески е еден обвинетите од раководството на ВМРО-ДПМНЕ за случајот „Титаник“.

Слични содржини