Јанакиески: По четири години, Миле е омилен лик на СЈО и ОЈО

од Aleksandar Todeski

По неколку неуспешни обиди на адвокатите на обвинетите во случајот „ТНТ’, кои ги добија по службена должност откако нивните довчерашни адвокати не се појавија на рочиштето, продолжи рочиштето каде пред судијата дава одбрана второобвинетиот поранешен министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Тој кажа дека имал блиски реалции со фамилијата на Фијат Цановски, сопственикот на „Космос“, објектот кој според обвинението е уриван од политички побуди. Јанакиески истакна дека нивните реалции датираат од 2006 и 2007 година и дека им биле и на тие како бизнисмени биле такви што постојано сакаат да се додворуваат на судии и обвинители, како и дека на почетокот биле силни поддржувачи на политката на ВМРО-ДПМНЕ.

„По четири години, Миле е омилен лик на СЈО, ОЈО, Финансиската полиција. Магарето замина, сега се удира на самарот. Цаноски имаше интензивна комуникација од април 2010 година до август 2011 година со првообвинетиот Никола Груевски, кој за жал не е во судница”, рече поранешниот министер.

Тој праша и за односите на Цаноски со Сашо Мијалков, Муса Џафери.

„Тој објект е дивоградба. И сега гарантирам за тоа”, вели Јанакиески.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски и ексминистерот Миле Јанакиески, обвинети во случајот се и  поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева.

Слични содржини