Јанакиески побара доказите за „27 април“ да му бидат доставени како копии

од Vladimir Zorba

Обвинетиот во случајот за организарорите на 27 април, Миле Јанакиески побара транскриптите, видео доказите и другите докази да им бидат доставени како копии.

„Извршивме увид во листата на докази. Доказите се на илјадници страни, би ве замолил да ни дадете копија од доказите. Судиите го задолжија обвинителството за копија, но до денеска не ни доставија. Бидејќи доказите се клучни дали ќе се произнесеме како виновни или не”, рече Јанакиески.

Тој посочи дека иако не е вина на обвинителството што доказите се заглавени на апелација, тие како обвинети треба да ги добијат.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини