Јанчев: Не верувам дека има шанси ВМРО-ДПМНЕ да не ми ја даде довербата за локалните избори

од Берта Китинска

Јас ќе ја барам довербата на кавадарчани, во уште еден мандат, рече денеска Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци во Студио 10 на ТВ24.

-Мислам дека ќе бидам кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Секој можен противкандидат кој може да направи за Кавадарци, би дозволил да има дискусија, не би именувал никој. Не мора да се каже дека ако некое име се врти сега (Наќе Чулев), не значи дека тој ќе е противкандидат за градоначалник. Јас не верувам дека има шанси ВМРО-ДПМНЕ да не ми ја даде довербата. Мислам дека партијата треба да се соедини, да направиме добри резултати на наредните Локални избори. Разликите во мислењето треба да го ставиме на страна, за доброто на граѓаните. Имаше моменти кога имавме послаба комуникација со Мицкоски, но сега имаме поинтензивна комуникација. Од раководството не сум слушнал да ме критикуваат дека сум одработувал за власта, никогаш не сум работел против партијата, во иднина сакаме нормализирање на соработката во сите општини, без разлика кој ќе е во централната или локалната власт,  вели Јанчев.

Слични содржини