Јанчев очекува граничниот премин Пулевац кон Грција да биде комплетен за 2-3 години

од Vladimir Zorba

Интензивни се разговорите и со Република Грција и со нашата Влада. Наредната година ќе се стави комплетниот проект за изградба на заобиколницата, заедно со поврзување со граничниот премин. Тоа е ставено во Преспанскиот договор, бегање од таа работа нема. Со самото разлабавување на ситуацијата со пандемијата, проектите се спремни, одобрено е, ќе се тендерира и мислам дека многу брзо таа работа може да биде. Моја прогноза е дека за две до три години, ќе имаме комплетен граничен премин со заобиколница, која ќе значи поголема безбедност и поголема заштита на животната средина, изјави кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за МИА околу новиот граничен премин Пулевац кон соседна Грција.

Инаку во рамки на интензивната комунална изградба, денеска се асфалтираше улицата ,,Илчо Димов” во селото Ваташа, во кое, како што рече Јанчев, веќе речиси нема улици за асфалтирање.

Тој потсети дека општината преку Министерството за транспорт и врски, со грант, подзаем на Министерството за финансии, преку Светска банка, доби еден милион и 150 илјади евра за ревитализација на други улици.

loading...

Слични содржини