Јанчев: Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не е подготвено да оди напред

од desk4

 По предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицковски на вчерашниот ЦК бев разрешен од функцијата потпретседател.

 

Неоснованите обвинувања на вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на ЦК беа маска за неспособноста за прифаќање на различни ставови и покажаа дека нема место за неостомисленици во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Овие обвинувања како и симнувањето од функцијата потпретседател нема да ме направат помалку вмровец.

Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не е подготвено да оди напред, напротив многу круто и агресивно ги „чисти” оние чии перцепции се насочени кон една таква модерна партија.

Како Градоначлник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ уште поуспешно ќе ја извршувам оваа функција, а за моето успешно менаџирање со општината сведочи скоро цела една година со голем број реализирани проекти, проекти кои се во тек и средување на општината – изјави сега вече поранешниот потпретседател на партијата и актуелен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев./Тв24

Слични содржини