Јанчев: Пандемијата однесе два човечки животи на двајца браќа во период од 3 дена

од Vladimir Zorba

„Ова е тажен ден за нашето Кавадарци. За жал денес изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија. Пред два дена го изгубивме Марјан Ѓерѓев на 26 годишна возраст, денес почина и неговиот брат Горан Ѓерѓев на 21 годишна возраст. Трагедијата е огромна и нема зборови кои можат да дадат утеха на семејството Ѓерѓеви во овие моменти“, соопшти градоначалникот на градот, Митко Јанчев на својот Фејсбук профил.

„Заедно со Советот на Општина Кавадарци изразуваме длабоко сочувство до таткото на починатите братчиња и нивниот брат и поширокото семејство. Пандемијата однесе два човечки животи на двајца браќа во период од 3 дена, немоќни сме да се бориме и да дадеме утеха.

Уште еднаш изразуваме длабоко сочувство и стоиме на располагање за помош на семејството кое е погодено од огромна трагедија.

Да се чуваме сите и што поскоро да ги поминеме овие тешки денови“, додава Јанчев.

Слични содржини