Јанев: Бугарија испраќа помош на С.Македонија за гаснење на пожарите

од Stefanija Kuzmanovska

По наредба на премиерот Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка на Република Северна Македонија за справување со пожарите, објави БГНЕС.

„Нашата земја ќе ја поддржи РСМ преку механизмот за взаемна помош, а за гаснење на катастрофата во Кочани и Делчево, бугарската влада планира да испрати 25 пожарникари, 3 противпожарни возила и уште 2 амбулантни возила“, вели Јанев.

Уште вчера, во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, Јанев изјави дека Бугарија е „подготвена да им помогне на своите соседи со потребната поддршка за гаснење на катастрофата“.

Слични содржини