Јанева ја поминала новогодишната ноќ во домашна атмосфера

од Nikola Popovski

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева ја поминала новогодишната ноќ во домашна атмосфера со своите најблиски, информира денеска адвокатот Лазар Јанев. Според него, Јанева во текот на годината има право да користи 15 дена, по претходна поднесена молба.

-Како и секое осудено лице и Катица Јанева има право по отслужување на една третина од својата затворска казна, да користи привилегии одноно поволности, предвидени со Законот. Па, така по поднесена молба добивме позитивна одлука за користење на право на првиот викенд во годината. Тој опфаќа три вечери и 4 дена, изјави Јанев за ТВ Сител.

Јанева е сместена во женското одделение во затворот „Идризово“.

Поранешната специјална обвинителка беше осудена на 7 години затвор за случајот „Рекет“, пресуда која во моментов е на вонредно преиспитување во највисокиот суд.

Слични содржини