Јаневски: Линијата Софија – Скопје ќе отвори можности за уште една или две дестинации кои ќе не сврзуваат со Бугарија

од Vladimir Zorba

Поврзувањето меѓу Македонија и Бугарија со директната авионска линија меѓу главните градови Скопје и Софија, по многу најави  и по повеќе од десет години пауза повторно е воспоствено.

Планот на бугарската и македонската влада е овој пат линијата да опстане, да не загасне за само неколку месеци и преку неа да се развива туризмот.

Според првиот човек на Агенцијата за туризам, Љупчо Јаневски воведувањето на линијата Софија – Скопје ќе ги зголеми туристичките посети на бугарските туристи и ќе ја подобри економската клима во земјата.

-Доколку ја анализираме подлабоко Р.Бугарија како туристичка дестинација за дојдовен туризам до отпочнување на пандемијата бугарските туристи биле во топ 5 по посета во Р.С.Македонија останувајќи во дестинациите околу 2,3 денови во просек. Патувале највеќе во организирани  автобуски групи и го посетувале највеќе југозападниот и скопскиот регион. Нивните посети се концентрирале за новогодишните празници , април, мај и јуни за да продолжат во септември и октомври.Со водедувањето на линијата Софија – Скопје се овозможува скратување на патувањата и можноста за побрз проток на патници што треба да доведе до зголемување на туристичките посети од бугарските туристи и подобрување на економската клима, вели Јаневски во разговор за „Локално“.

Тој нагласува дека Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот покрај оваа линија предложила во брзо време да се создадат услови за авио-линија Софија – Охрид отпочнувајќи од април до октомври со што ќе се овозоможи дополнителни патувања на двете дестинации.

-Интересот за линијата Скопје – Софија постои, а нејзината одржливост треба да биде дополнета со аранжмани од туроператорите на двете земји за три, пет и седум дневни аранжмани во дестинациите со поголем број на дополнителни содржини и посети што ќе доведе до закуп на седишта и нејзина рентабилност, велиот првиот човек Агенцијата за туризам.

Според Јаневски додавањето на трета дестинација на одредени летови и поврзувањето овозможува поголема исплатливост и рентабилност на линијата.

-Потребна е дестинација која ќе биде доволно атрактивна за двете држави и нивен фокус односно може да биде дестинација која ќе биде од некое туристичко место во Република Бугарија или друго.Политичкото промовирање на дестинацијата е силна порака за поврзување на дестинациите и позитивните намери за економска соработка.  Дестинацијата ќе биде економски исплатлива колку што ќе биде спремен бизнис секторот и туристичкиот сектор за поставување и вградување на оваа линија во нивните аранжмани. Јас верувам дека оваа авио линија ќе отвори можности за уште една или две дестинации кои ќе не сврзуваат со република Бугарија и за кои според моите истражувања може да бидат сосема исплатливи според статистиките и бројот на туристи , истакнува тој.

Јаневски вели дека од искуствата од пандемијата туризмот  бил приморан да се фокусира на регионот и да се создадат зелени зони за брз проток на туристи од кои досега Р. Бугарија имала ригорозен пристап кон македонските туристи и нивните патувања кон зимските и летните бугарски центри и неможноста бугарските туристи да допатуваат во Р.С.Македонија.

-Сигурен сум дека тоа е далеку позади нас туристичкиот сектор ќе ја одигра клучната улога за заживување на економската соработка помеѓу двете земји. Често сакам да кажам дека Туризмот ја има моќта да гради мостови помеѓу дестинациите по кој непречено ќе патуваат туристите и обврската да ги изгради толку јако да не можат политичарите да ги расклатат токлу лесно.Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е подготвена за организирање на B2B средби помеѓу двете држави, промоции на македонските туристички потенцијали  во Бугарија , информативни патувања на медиуми, блогери, влогери и инфлуесери од Бугарија во нашата земја со цел дополнителна промоција како и маркетинг кампања во рамките на својот буџет за 2022 година. Односно уште поголем фокус на регионот и бугарскиот пазар кој многу скоро треба да си го заземе своето примарно место за македонскиот туристички сектор во 2022 година и годините кои следат, подвелкува тој.

Според највите од 27 март ќе почне да сообраќа редовната авиолинија Софија – Скопје. Цената на билетот треба да ја одреди сопственикот на компанијата „Гуливер“ со чии авиони ќе се реализираат летовите.

Б.М.

Слични содржини