Јанкулоска не дојде на судењето за „Тенк“, достави документација за ризична бременост

од desk2

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска не дојде на судењето за случајот „Тенк“ односно за набавката на луксузниот мерцедес. Нејзината одбрана го оправда нејзиното отсуство со лекарска потврда за ризична бременост, објави „Телевизија 24“.

По увидот во лекарското уверение од страна на СЈО, специјалните обвинители побараа раздвојување на постапката за Јанкулоска, односно да и се суди одвоено.

Одбраната на поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот помошник за внатрешни работи, Ѓоко Поповски се против барањето за раздвојување на постапката бидејќи сметаат дека Јанкулоска е важна за нивната одбрана. Судот даде пауза од 45 минути за да одлучи за барањето на СЈО.

Во судот спроведен од Шутка е и поранешниот директор на СОЗР, Васе Доневски, кој треба да сведочи за овој случај.

Во случајот „Тeнк“, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Слични содржини