Јанкуловска сведочеше: Груевски донациите некогаш ги примаше лично

од Берта Китинска

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска сведочеше во случајот „Плацеви на Водно“ за начинот на кој се финансирала ВМРО-ДПМНЕ додека таа била генерален секретар на Никола Груевски лидер на партијата и дека дел од донаторите, парите му ги давале на тогашниот партиски лидер.

Јанкуловкса беше распрашувана од  страна на обвинителката Лиле Стефанова за начинот на кој се финансирала ВМРО-ДПМНЕ, за да се докаже тезата на обвинителството дека Груевски парите за плацевите на Водно ги обезбедил од партиската каса.

Јанкулоска објасни дека во времето законската регулатива била како што рече, полабава и дека се водела неформална евиденција, и затоа на некои донатори им давале и каса прими. Таа додаде дека во нејзината канцеларија во старото партиско седиште имало два големи сефа.

-Во делот на овие донации сакам да истакнам дека, поради фактот што ВМРО-ДПМНЕ беше партија во опозиција, донаторите беа прилично воздржани околу нивните релации со партијата бидејќи не секој сака јавно да биде познато дека е близок до партија во опозиција.Се случуваше претседателот на партијата понекогаш да ме повика, да ме извести тој и тој сака да ѝ помогне на партијата со толкав и толкав износ’. Можело да се случи истиот ден да донира или по неколку дена, сведочеше  Јанкулоска.

Таа кажа дека во нејзината канцеларија во партијата имало два сефа.

– Едниот беше голем и имаше еден мал како каса. Во малиот се чуваа мали износи, тие што се користеа на дневна основа. Другиот, барем додека јас бев на функција, ниту бил отворан ниту сум знаела шифра. Тој малиот беше со шифра и клуч, се отвораше по потреба, кажа .Јанкулоска.

На прашање на адвокатот на Груевски таа одговори дека лидерот никогаш не побарал од неа да му даде пари.

– Мислам дека имаше сеф и во канцеларијата на претседателот, додаде Јанкулоска.

Слични содржини