Јанкуловска тврди дека не избегала, МВР се уште без наредба за спроведување

од Nikola Popovski

Од МВР по шпекулациите во јавноста дека поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска избегала од земјата излегоа со соопштение дека преземаат стандарни полициски оперативни мерки и активности.

„Сѐ уште немаме добиено никаква наредба за спроведување на Г. Ј. Кога ќе добиеме наредба од судот, ќе постапиме. За сите други информации е надлежен судот“, стои во реакцијата на МВР.

Јанкулоска во изјава за „А1 он“ изјавила дека е дома и дека не се точни информациите дека избегала.

„Глупости се тоа. Дома сум. Кој сака нека повели на кафе. Да ви испратам локација, селфи, не знам што да ви кажам“, рекла Јанкулоска.

Завчера Врховниот суд ја одби жалбата на пресудата за „Тенк“ и ѝ ја потврди четиригодишната затворска казна на поранешната министерка за внатрешни работи.

loading...

Слични содржини