Јанкуловски: Докторите не се убијци…зборовите болат, погодуваат, но НЕ НЕ’ КРШАТ

од Берта Китинска

Познатиот медицински техничар, Денис Јанкуловски преку Фејсбук го искажа својот став за вчерашниот протест на граѓани кои го изразија своето незадоволство од новите рестриктивни мерки кои стапија на сила од денес.

-На терен: педери, хоштаплери, море маму ви јебем, мрште одовде, еве ги овие на Филипче слугите, стоки, абре сите да ве снема……Нит станав педер, ни хоштаплер, стока уште помалку, слуга па ич. И не не’ снема. Тука сме и ќе сме секогаш за тие на кои сме им потребни. За сите.

И покрај навредите кои некогаш беа преголеми сепак ние си продолживме со нашата работна задача почитувајќи го чичко Хипократ. Ние сестрите но и болничарите, докторите, хигиеничарите, помошниот персонал, администрација, набавки, управа како и доброволците, волонтерите и сите добронамерни луѓе , некои со документ за заклетва, некои не, но сите ја носиме во срцето и оттаму таа ни е водилка низ оваа лудница од секаков вид. А се’ тоа е со една цел – драгоцениот човечки живот.

Така да ни докторите не се убијци само заради нечии непромислени изјави. Или може и вака, убијци на вирусот. Е тоа да Да, зборовите болат, погодуваат, нервираат но НЕ НЕ’ КРШАТ. Без нервоза, имаме уште работа, мора да бидеме уште јаки зошто тоа и се очекува од нас. А јаки сме нели А ќе има уште погани усти. Нив ништо не ги мие. Толку им дал тој на кој се повикуваат, пишува Јанкуловски.

Слични содржини