Јанкуловски за омикрон: Млади, стари, нема селекција, eден позитивен дома – сите позитивни

од Берта Китинска

Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски или попознат на социјалните мрежи како космонаутко на својот Фејсбук профил, објави статус во кој повикува сите свесно да внимаваме на себе си за да се заштитиме од омикрон кој брзо се шири.

-Препозитивно е дефинитивно. Млади, стари, нема селекција. Еден позитивен дома – сите позитивни, во најголем број случаи. На моменти ми се чини дека вирусов го има насекаде па и меѓу буквиве на тастатурава.Не е ни битно кој сој е, Омикрон, Флукрон или како и да ги крстат. Нека е и КојГоСмислиКрон. Според она што го гледам (мислам дека е така или барем се надевам) доброто во цела оваа каша попара од големиот број на позитивни случаи е сепак малата хоспитализација и релативно лесна клиничка слика но не кај секого, некои и потешко поминуваат, што укажува едно нешто многу важно:Без опуштање и размислување како за нешто на кое не треба да му се придава значење, тогаш непријателот е најјак.Затоа што никој ништо не знаеме а малку треба за голема беља. А доста ни е од бељи!!

Само прифаќање на фактот дека е тука меѓу нас и соодветно совесно однесување за себезаштита и заштита на сите околу нас.Толку треба за да биде се како што треба, да биде се’ во ред и нас да не биде. И ќе биде. Чувајте се. За дружби, за насмевки и прегратки во живо, за гуш и бац. За сето ова со сите што ни се сакани со кои сакаме и понатаму да го имаме секојдневието ЗАЕДНО.За сите нив и секако за сите вас – Чувајте се, порачува космонаутко.

Слични содржини