Јанша одби да се извини за навредливиот твит за Сребреница

од Stefanija Kuzmanovska

Продолжението на седмицата на Собранието на Словенија денеска започна со барање на пратениците на социјалдемократите и на левицата премиерот Јанез Јанша да се извини за навредливиот твит за Сребреница, а наместо извинување, тие добија објаснување поради кое ја напуштија седницата, пренесува „Нова.рс“.

Јанша годишнината од геноцидот над Бошњаците во Сребреница ја проследи со твит во кој, меѓу другото, напиша дека масакрот не би се случил доколку Обединетите нации го осуделе комунистичкиот геноцид на ист начин како и холокаустот, што предизвика бран реакции.

На денешната седница на Собранието на Словенија, Јанша рече дека би имало пет пати повеќе жртви доколку Словенија не им помогнеше на Бошњаците и дека тие работат на измена на резолуцијата на Обединетите нации.

Претседателот на ЛМШ, Марјан Шарец, рече дека е згрозен од твитот на Јанша и дека тоа може да има последици за меѓународната репутација на Словенија.

Марко Копривц од СД објасни дека ја напуштиле седницата во знак на протест, затоа што сметаат дека е недостојно да се учествува на седницата на која премиерот не сакаше да се извини за навредливиот твит.

Слични содржини