Јанушев: Бугарија негира се што е македонско, а ние се смееме

од Nikola Popovski

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев вели дека не може да седне и да се разговара со соговорник, да се гледа тоа што му пречело на соговорникот, а тој да вели дека ние не сме тоа што сме.

„Бугарија негира се што е македонско, а ние тука глумиме лудило. Не може да се преќути на многу работи. Тие секојдневно не ништат и множат со нула, а ние се смееме. Кога ќе видиме од другата страна дека навистина има намера во духот на добрососедството, тогаш може да разговараме со Бугарија“, изјави Јанушев за отвореното студио на ТВ 24.

 

Слични содржини