Јанушев: Луѓето очекуваат дека конечно ќе дојде обновата на Македонија

од Берта Китинска

Продолжуваме со посетите „Обновата на Македонија доаѓа“. Денес сме во посета на општините Делчево и Македонска Каменица. Посетивме голем број на фирми, се сретнавме со граѓаните, имавме неколку состаноци со целни групи, но ќе имаме и партиски состаноци, се разбира. Она што можам да го видам во состаноците со сите овие, и со средбите со сите овие луѓе огромното незадоволство кое го гледаме од актуелната власт, од оваа криминално-рекетарска банда предводена од Заев. Она што можам да го пренесам е дека особено стопанствениците, бизнис климата, целиот овој економски сектор е тотално нарушен и едноставно економската ситуација е целосно девастирана како впрочем што и се случува во секој сегмент од нашето општество, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Луѓето очекуваат промени, луѓето очекуваат дека конечно ќе дојде обновата на Македонија каде што нашата држава ќе ја направиме едно пристојно место за живеење каде што секој еден од нас ќе може да има еден квалитетен живот. Она што веќе го најавивме, го продолжуваме и во овие денови. Како што веќе имавте прилика да видите најавени се огромни инвестиции во инфраструктурата.Две милијарди евра инвестиции во инфраструктурата, нов автопат кои ќе ги поврзува Скопје и Битола преку Велес и Прилеп. Повеќе од 150 километри инвестиции во нови експресни патишта, но и буквално нема да оставиме ниту еден магистрален пат кој што нема да биде саниран односно рехабилитиран.

Нови инвестиции во железницата и во пругите, нови инвестиции и во канализации и водоводи, но и носење на нови авиокомпании кои што ќе понудат евтини летови. Знаете дека тоа можеме и знаеме како да го направиме. 12 Април е блиску, обновата доаѓа, изјави Јанушев.

Слични содржини