Јанушев му посака брзо закрепнување на Зекири, тој ги чека резулатите од тестот за коронавирус

од Vladimir Zorba

„Состојбата со заразата е алармантна. Денешните настани укажуваат на тоа дека треба да се пристапи со огромна сериозност. Да се зборува за избори во една ваква состојба е неодговорно кон граѓаните. Нужна е заштита на здравјето! На Мумамед Зекири со кого бевме на дебата на Телевизија 24, и на неговото семејство, им посакувам брзо закрепнување“, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Што се однесува до интересот за моето здравје, засега сум во добра здравствена состојба и ги чекам резултатите од направеното тестирање. Во очекување на исходот ќе ги превземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти. Апелирам да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно“, додава Јанушев.

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири претходно денеска на Фејсбук објави дека тој, неговата сопруга и тримесечна ќерка се позитивни на коронавирусот. Тој вели дека се заразил иако внимавал и практикувал минимални контакти со луѓето.

Зекири тврди дека засега нема никакви симптоми и апелираше до своите сограѓани да бидат максимално внимателни.

Слични содржини