Јанушев: Ние предложивме датум и сме спремни на отстапки и не менуваме ставови

од Aleksandar Petrovski

Во отвореното студио на 24 анализа, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев смета дека СДСМ на изборите ќе доживее дебакл, а во однос на датумот, тој вели дека партијата е спремна за отстапки на сметка на здравјето на граѓаните.

„Ние предложивме датум и се спремни на отстапки и не менуваме ставови, за разлика од Заев.“ – рече Јанушев.

Денес имаме 38 заразени, а СДСМ ги укина мерките и ги отвори кафаните, а тезите на Филипче дека ја победивме короната излегоа неточни, бројката на заболени се зголемува, рече Јанушев. Тој смета дека доколку СДСМ сака избори без оглед на се, јавно нека каже.

„Први сме во регионот по бројот на смртни случаи. Имаме најмалку направени тестови во целиот регион, само Албанија и Бугарија имаат толку малку.“ – рече Јанушев.

Слични содржини