Јанушев: Талир уште еден обид за политички притисок за замолчување на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на уставните измени

од desk2

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека  обвинение тоза случајот Талир кое  е прифатено од Кривичниот суд е уште еден обид за груб политички притисок за брутално замолчување на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на уставните измени за промена на името и идентитетот.


„СЈО по директива на власта создава механизми за пазарења, уцени и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ за да ги прифати уставните измени, кои за нас по ниту една цена НЕ СЕ ПРИФАТЛИВИ. Случајот Талир е чиста политичка конструкција, која нема врска со правото, туку со политиката на Заев за уцени и притисоци.
Власта соочена со неприфаќањето на граѓаните на уставните промени се обидува со секое можно средство да ја угуши секоја критична мисла и сила која се спротивставува на антидржавните политики на СДСМ и Заев, кои одат во спротивност со македонските национални интереси“, рече Игор Јанушев, генерален секретар на партијата.

Според него промената на името и договорот со Грција не поминаа на референдум, па сега власта се обидува на секој можен начин да дојдат до пратеник плус за да покажат некаков вештачки легитимитет на она што нема никаков легитимитет од народот – промена на името.

Слични содржини